Мовови
Мовови, се мали зелени растенија кои ги населуваат влажните рабови на шумите, како и нивната внатрешност. Живеат на каменливи почви, но и на изгниени почви, но и на изгниени стебла и на други слични влажни живеалишта.
Се размножуваат само во присуство на вода, со помош на спори кои се сместени во посебна торбичка, на врвот од стебленцето. Спорите се мали топчести телца кои лесно се разнесуваат низ живеалиштето.
Мововите немаат вистински органи, ниту спроводно ткиво. Тие припаѓаат кон групата пионерски растенија кои први ги населуваат голите карпи, излачувајќи киселини, ги ситнат карпите и така создаваат почва на која може да се населуваат и други растенија.

No comments:
Post a Comment