Wednesday, November 25, 2015

Папрати

          Папратите се, исто така, бессемени растенија, но кај нив се развиени сите растителни ткива и вистински органи: листови, подземно стебло и корен. Се размножуваат со спори кои се насобрани во торбички на опачината на листовите. Обично живеат на рабовите на шумите.
Мовови

     Мовови, се мали зелени растенија кои ги населуваат влажните рабови на шумите, како и нивната внатрешност. Живеат на каменливи почви, но и на изгниени почви, но и на изгниени стебла  и на други слични влажни живеалишта.
           Се размножуваат само во присуство на вода, со помош на спори кои  се сместени во посебна торбичка, на врвот од стебленцето. Спорите се мали топчести телца кои лесно се разнесуваат низ живеалиштето.
           Мововите немаат вистински органи, ниту спроводно ткиво. Тие припаѓаат кон групата пионерски растенија кои први ги населуваат голите карпи, излачувајќи киселини, ги ситнат карпите и така создаваат почва на која може да се населуваат и други растенија.
                                                                      Царство на габи

       Од габите, тебе веројатно ти се познати печурките и мувлите. Тие се изградени од долги клетки во форма на испреплетени нишки кои се наречени хифи. Хифите имаат клеточен ѕид, а во цитоплазмата имаат јадро. Немаат хлоропласти и не вршат фотосинтеза. Габите се исхрануваат со готова храна и според исхраната спаѓаат во разградувачи. Габите се размножуваат со ситни топчести телца, наречени спори.